Ако сте индивидуалистички тип на работник тогаш дефинитивно ДА, но доколку е потребна тимска работа за успешно завршување на еден проект тогаш конкуренцијата може да донесе многу проблеми.
Работењето во поголема група подобро функционира доколку соработувате, а конкуренцијата може да стане вистинска кочница.
Еве кои се ефектите од конкуренцијата на работно место:
Се фокусирате на привид
Во трката да постигнете побрз успех, се фокусирате на квантитет, а не на квалитет.
Затоа она што го постигнувате не значи автентичен и длабок развој, туку хиперпродукција што ве прави добар фабрички работник, но вам од аспект на личен развој не ви носи апсолутно ништо.
Погрешно разбирање на успехот
Кога се натпреварувате со некој, постои голема можност некој друг да ви ги наметнува „правилата на игра“.
Затоа не се натпреварувајте со другите, туку со себе. Многу бука може да значи краткорочен успех, но на долги стази, не значи ништо.
Почекајте ги вашите 5 минути и поентирајте во вистинско време!
Побрзо се изморувате
Кога сте во постојан натпревар, вие сте под стрес кој ве исцрпува и ве прави изморени.
Научно е докажано дека кога човекот е уморен, му е намалена работната ефикасност!
Работната средина ви носи стрес, а не задоволство
Кога постои суров натпревар на работа, работното место ви провоцира стресогено однесување, наместо задоволство.
Со оглед на тоа дека човекот поминува најголем дел од својот ден на работа многу е важно каква емоционална и социјална атмосфера владее на работното место.
© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: