Музиката е составен дел од нашиот секојдневен живот и прави проблеми преку стимулација на нашиот осет за слух.
Социјалните скперименти прикажани во новата документарна емисија „100 луѓе“ (100 people) достапна на Netflix покажуваат дека веселата музика има големо влијание врз човечкото однесување.
Имено, луѓето кои слушаат весела музика имаат зголемено количество на хормони на среќа и задоволство во крвта – допамин, серотонин, а доколку се во присуство на други луѓе кои се забавуваат, тогаш се лачи и окситоцин или хормонот на поврзувањето.
По слушање на весела музика, луѓето се повеќе подготвени да преземат ризици и акција, одошто луѓето кои слушале тажни стихови и тажна музика.
Утврдено е, исто така, дека луѓето кои слушаат музика за време на сексуалните односи имаат подобро доживување и сексот трае подолго.
Музиката ја зголемува продуктивноста на работно место
Научно е докажано дека луѓето кои слушаат весела музика додека работат се покреативни и попродуктивни. Затоа наместо да ги почитувате протоколите за работа, дајте си слобода да отслушате некоја музика. Барем во паузите доколку музиката ги вознемирува вашите колеги.
На тој начин ќе се чувствувате подобро, а и работата побрзо ќе тече!
© Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: