/

Храна за мускули: Протеинска бомба за пред тренинг

Тренингот е составен дел од седмицата, а во некои случаи дури и од секојдневниот живот на луѓето. Златното правило на здрав живот е баланс и добра комбинација на физичката активност со исхраната.

Исхраната како изолиран метод за водење здрав живот не дава резултати без физичка активност која има задача да ги распореди хранливите материи и калориите.

Од друга страна, физичката активност без адекватна исхрана не може да ве донесе до посакуваните резултати.

Затоа ви предлагаме рецепт за протеинска бомба за пред тренинг која треба да ги нахрани вашите мускули на правилен начин, што воедно значи избегнување на опасност од воспалителни процеси.

woman holding glass jar
Важно е и како го конзумирате шејкот! Направете го тоа, најмалку во три етапи, со пауза од 5 минути помеѓу нив!

Исхраната за пред тренинг треба да ги комбинира – мастите, јаглехидратите и протеините во сооднос 1:1,5:3 затоа најмногу треба да бидат застапени протеините, помалку масти и најмалку јаглехидрати.

Потребни состојки:

  • 250 грама полномасно млеко
  • 1 банана
  • 100 грама ореви
  • протеин според мерилица

Внимание: Користете полномасно млеко поради високата концентрација на протеини кои може да се најдат само во млекото. Бананата е богат извор на јаглехидрати, додека оревите ќе ве снабдат со ретките масти како што се омега три масни киселини.

Подготовка:

Откако ќе ги набавите сите потребни состојки ставете ги во блендер и блендајте неколку минути се додека смесата не се комогенизира целосно.

Начин на пиење:

Поради правилна апсорпција на сите хранливи состојки, потребно е да го пиете шејкот во неколку етапи (најмалку три).

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.