Телефонските разговори на џентлмените имаат точно определен период на траење, содржина и смисла и затоа можете да ги препознаете по нивната типичност.
Поинаку кажано, доволно е да го слушнете како разговара преку телефон и веднаш ќе знаете дали ги има џентлемнските манири.
Еве со што се карактеризира телефонски разговор со џентлмен:
Должина на разговорот
Телефонскиот разговор не служи да прераскажувате во него рецепти, филмови или да водите „трач партии“, напротив според Бонтон тој треба да биде краток, концизен и со јасна цел.
Ако целта на разговорот е да распределите работни задачи, не треба да зборувате за тоа како сте ја поминале вечерта, особено ако тоа нема никаква врска со она што треба да го пренесете како порака.
Должината на разговорот по телефон на секој џентлмент е „токму“ онолку колку што треба да трае поставено од целта на комуникацијата.
Избор на зборови
Тој секогаш прави внимателен избор на зборови. Љубезен е и внимателен како се обраќа на другите. Има цела листа на реченици кои треба да покажат дека тој е љубезен и „добро воспитан“.
Дури и кога треба да пренесе порака која нема афирмативна моќ, тој внимателно одбира како да ви ја каже критиката или да ве соочи со вашите неуспеси.
Едноставно знае дека изборот на зборови го менува битието на предметот на расправа и успешно се служи со нив!
Кој разговор е за по телефон
Тој знае кој разговор се води преку телефон, а кој се води во живо. Никогаш нема да разговара телефонски за работи кои не би требало да ви ги каже на тој начин.
На пример вистински џентлмен никогаш не ја раскинува својата врска преку телефонски повик!
© Gentlemanmagazine Фото: Freepik.com
Можеби ќе ве интересира: