/

Заменете ги „ти“ пораки со „јас“ пораки за успешна комуникација

Луѓето во својата меѓусебна комуникација користат различни средства. Според тоа комуникацијата се дели на вербална и невербална.

Но исто така комуникацијата се дели и на – успешна и неуспешна комуникација. Успехот на комуникацијата зависи од употреба на неколку техники.

Една од техниките е користење на „јас“ пораки наместо „ти“ пораки.

Со употребата на „јас“ порака, учениците во комуникацијата ја покажуваат својата личност, ставови, желби и мотиви, но и покажуваат свест за себе, емоционална, аналитичка и вербална интелигенција.

Употребата на „ти“ пораките ја фокусира комуникаијата само на еден учесник со што произведува неприроден и подреден однос. Поради подредениот однос често комуникацијата помеѓу луѓе има краток карактер или се сведува на статусен однос, а не на заемна размена.

man and woman standing in front of whiteboard
Комуникацијата често преминува во создавање на конфликт и фрустрација, бидејќи луѓето не ги користат правилно јазичните алатки, при што не пренесуваат порака, туку искажуваат емоција.
Фото извор: Unsplash.com

Еве како да се изразите со „јас“ порака и да ја почувствувате магијата на комуникацијата:

„Ти си недоличен и безобразен“

Доколку имате забелешки за нечие однесување кон вас или кон другите тоа може да го изразите на следен начин:

„Мене не ми се допаѓа твојот начин на однесување и јас одбивам да учествувам во таква комуникација“

Пример 2:

„Тебе ќе ти се потсмеваат за твојот говор“

Сменете го со:

„Загрижен сум дека твојот говор нема да наиде на посакуваните твои впечатоци кај публиката“

Пример 3:

„Ти кажав да не го правиш тоа 100 пати“

Сменете го со:

„Навистина сум разочаран што и покрај толку барања да не го правиш тоа, ти повторно го направи.“

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.