Жените и мажите се различни суштества и нивната перцепција кон другиот пол се разликува.
Мажите се визуелни суштества и за нив е многу важно како изгледа жената, тие сакаат да бидат опкружени со „убавина на окото“.
Од друга страна, жените пак, се аудитивни суштества и за нив е многу важно што мажот има да каже.
За жена да го освои мажот доволно е да е убава и средена, за мажот да ја освои жената треба да има „добра приказна“.
Што се однесува до другите аспекти од заедничкиот живот, мажите и жените исто така имаат различна перцепција.
Степен на сериозност
Жените ги доживуваат мажите премногу сериозно и нив ги вади од такт машката несериозност.
Мажите, пак, жените ги доживуваат потполно несериозно и ги нервира доколку жената од нив бара постојано сериозен пристап.
Хигиена во домот
На жените им е важно домот да е уреден и чист, на мажите им е важна уредност и чистост само на нивните лични работи.
Еден маж нема да го изнервира корпа полна со неперени алишта да стои со денови полна.
Но него многу ќе го изнервира доколку маицата која планирал да ја носи не му е перена!
Планови за иднината
Мажите размислуваат за иднината надалеку, жените размислуваат на пократки патеки.
Затоа жена може да ја направи среќна еден ден во шопинг, маж може да го направи среќен пари на сметка.
Ако парите се доволно да не мора да размислува на иднината, тогаш тој е навистина среќен и спокоен!
© Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: