/

Како да дознаете дека ТАА навистина ви се допаѓа?

Не сте сигурни дали станува збор за моментална привлечност или допаѓање кое ќе трае? Не сте сигурни како да и пристапите?

Ви предлагаме неколку техники на психолошка интроспекција која ќе ви помогне да дознаете дали и колку ви се допаѓа.

Замислете си чин на водење љубов

Како замислувате водење љубов? Доколку сте возбуден од помислата, но немате идеја што ќе правите со неа откако чинот ќе заврши, се работи за моментална привлечност.

Ако, пак, замислите дека водите љубов со неа, но по тоа имате милион активности и размена на нежности што сакате да ги направите – ТАА е вистинската!

Дали имате потреба од разговор

Многу е важно дали таа ве привлекува само додека ја гледате од страна и не и се приближувате, или имате потреба да разговарате.

Ако ви изгледа привлечна само од далеку, така и нека остане, на ваша далечина, бидејќи имате само визуелна привлечност.

Но доколку имате потреба да и се обратите, да ја сослушате и да разговарате, тогаш таа навистина ви се допаѓа!

Колку далеку гледате со неа

Не се само жените тие кои гледаат кон иднината и прават планови, туку и мажите гледаат со некој иднина или не.

Ако замислувате дека со неа може да имате заеднички живот и секојдневие дефинитивно ви се допаѓа премногу.

Но доколку не размислувате за иднината и оставите да се случи нешто во меѓувреме, тоа нема да се случи никогаш.

© Фото: Freepik.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.