Времето за разбивање на монотонијата од секојдневнието заврши. Понеделник е, време да се префрлиме на добропознатата фреквенција на секојдневието.
Ако по утрото денот се познава, тогаш многу е важно што ќе правиме во понеделник за крајниот исход од работната недела.
Тоа го знаат бизнис мажите, кои организацијата на неделата ја почнуваат токму во понеделник.
Еве кои се нивните утрински навики:
Подготовка на работни обврски
Тие прават подготовка на работните обврски во посебен бизнис план. Бизнис подготовките се однесуваат на дневните обврски, но и на обврските во текот на целата работна недела.
Бизнис мажите не препуштаат ништо на случајност и не оставаат простор нешто да ги изненади, тие едноставно го предвидуваат времето за претстојната работна недела.
Планирањето и добрата организација ги прави ефикасни, продуктивни и успешни.
Brain storming
Тие прават брза проверка на успешноста на претходната недела, токму во понеделник кога постои доволно голема временска дистанца за оценување на резултатите од претходната недела.
На тој начин тие имаат увид во тоа дали нешто треба да поправат во следните обврски и кој метод за пристап ја изневерил нивната доверба.
Закажување на состаноци
Иако состанокот треба да се случи во петок, бизнис мажите ќе го закажат токму во понеделник. На тој начин имаат доволно време да се подготват за состанокот.
Поважните состаноци секогаш се одложуваат за крајот на работната недела токму поради нивната тежина и време потребно за подготовка.
На тој начин тие им оставаат доволно време и на своите соработници за подготовка.
© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: