Правилно сончање: Искористете најмногу витамин Д од Сонцето!

Сите се соочуваме со недостаток на витамин Д, бидејќи во зимскиот период Сонцето не е доволно присутно во нашето секојдневие.

Најдобар, природен и непресушен извор на витамин Д е токму Сонцето, а летните периоди треба да се искористат максимално во насока на надокнадување на потребите од витамин Д.

Витаминот Д е важен за доброто расположение, имуниот систем, а се врзува и со масните резерви во поткожното ткиво поради што го забрзува процесот на согорување и слабеење.

Сепак, често правиме грешки кога е сончањето во прашање и наместо да се збогатиме со витамин Д, ние целосно ја гориме нашата кожа во „трка по бронѕен тен“.

Како правилно да се сончаме за максимална апсорпсија на витамин Д при сончањето:

  • До 11 часот и по 16 часот

Сончањето од 11 до 16 часот може да биде штетно за нашата кожа и да ги онеспособи клетките да апсорбираат витамин Д.

Најдобро е, наместо да се сончаме за поубав тен, да се сончаме за подобра здравствена состојба.

Тоа значи да ја изложиме кожата умерено на Сонце. На тој начин ќе избегнеме оштетување на кожата и ќе и дозволиме целосно да ги впива дозите на витамин Д кои се најголеми кога сончевите зраци се најслаби.

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.