Многу е важно да постои баланс помеѓу внесот на јагле-хидрати, протеини и масти.
Најдобро е да се користи свежа и сирова храна како извор на есенцијални хранливи материи.
Суплементите доаѓаат предвид само ако професионално се занимавате со фитнес. Ако ваша цел е здравјето, тогаш внесувајте витамини и минерали преку исхрана.
Појадок:
Појадокот е најважниот од сите оброци, а се препорачува да појадувате веднаш штом ќе станете од спиење.
Појадокот нека биде комбинација на јагле-хидрати и протеини.
Појадувајте јајца со тост лебче од интегрално брашно.
Ручек:
За ручек внесете доволно масти, тие даваат долготрајна енергија.
Здравите масти се наоѓаат во авокадото или риба. За ручек може да направите салата од авокадо и туна.
Еден час по ручекот внесете свежо овошје, најдобро е да земете само едно овошје, бидејќи нивната комбинација може да е негативна по дигестијата.
Овошје со најмногу здрави јагле-хидрати и минерали е бананата. Но не ја јадете секој ден. Секој нареден ден нека биде различен тип овошка.
Вечера:
Вечерата дајте ја на непријателот, така велат Англичаните, но сепак вие имајте три оброци во денот.
Најмала количина од сите оброци треба да се предвиди токму за вечерните часови.
Ако тренирате пред вечера, јадете пилешко месо со паче варен зелен зеленчук (брокула или грашок).
Ако тренирате наутро, јадете златна мешавина од зеленчук со печурки.
© Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: