Зборот џентлмен е универзализaм, што значи дека е прифатен во скоро сите европски јазици.
Инаку, води потекло од англискиот збор gentle, придавка – што значи „нежен“ и man, именка што се преведува како „маж“. Во буквална смисла џентлмен, на македонски се преведува како „нежен маж“.
Но во општата перцепција, џентлмен освен тоа што се карактеризира со нежност, има и специфична етика, вредносен систем, хабитус и усвоено однесување кон предметите, појавите и другите луѓе.
Ви откриваме каков е вредносниот систем на еден џентлмен и по која етика ТОЈ се води:
- Пристојност
Од вистинскиот џентлмен никогаш не можете да очекувате – неочекувано. Тој е константен во своето однесување и пристоен.
Достоинствено држи до своите принципи и не е подготвен на „драми“ или глумење „циркуско животно“ заради внимание или друга цел.
- Внимателност
Тој внимава да не ги повреди чувствата на другите и секој што бил во негово друштво знае дека џентлмен ве прави да се чувствувате „посебни“.
Во поп културата, тој обично се претставува како маж кој подарува роза на понежниот пол и бакнува рака на прв состанок, што не е далеку од вистината.
Тоа може да бидат неколку гестови што ќе ви ги приреди џентлмен, само за да се чувствувате поубаво!
- Никогаш не доцни
Вистинскиот џентлмен го почитува вашето време и никогаш не доцни на состанок, но исто така не прифаќа некој друг да доцни на состанок.
Тој никогаш нема да дојде после вас, но не очекувајте да ве чека повеќе од 15 минути додека вие се уште сте пред вашето огледало за шминкање.
- Не ги омаловажува другите
Вистинскиот џентлмен има почит кон другите и нема потреба да се прикаже преку омаловажување на другите. Напротив тој внимава на секој свој збор и дело, а со тоа и на чувствата на другите луѓе.
Токму поради оваа карактеристика е омилен лик во друштвото и неговото присуство е благородно!
- Доследен
Тој е доследен на себе и не го менува своето мислење, ставови и вредности „како што ќе дувне ветрот“. Едноставно во него се одликува стабилност, доследност и разум уште на првиот поглед.
Вистинскиот џентлмен не се води по „логиката на групата“ и тој секогаш има јасен идентитет, личност и себство!
© Gentlemanmagazin / Фото извор: unsplash.com