Сезона на ајвар: Причини зошто да го конзумирате почесто

Црвената пиперка е многу корисна за зачувување на видот и во борбата против разни видови инфекции. Го зголемува имунитетот и го намалува ризикот од рак и го храни нервниот систем.

Од големо значење е што има и антидепресивно дејство, го стимулира варењето на храната и има позитивен ефект врз работата на бубрезите и цревата.

Инаку, црвените пиперки, како и сите други пиперки, се одлични за диета, особено затоа што се богати со минерали, особено калиум.

Покрај тоа, голем број фитохемикалии во пиперките имаат антиоксидантни својства, така што можат да ги спречат или намалат симптомите на многу болести.

Балкански кавијар

Балканската кујна е многу измешана и често се случува потеклото на некој гастрономски рецепт да се припишува од страна на различни земји. Но ајварот тесно се врзува за Македонија и отсекогаш бил едно од омилените предјадења на македонската трпеза.

Покрај тоа што е вкусна закуска од македонската традиционална кујна, ајварот е многу здрав, токму бидејќи е направен од пиперка.

Црвената пиперка е моќен антиоксидант и позитивно влијае врз менталното здравје, подигајќи го расположението.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.