Совршена исхрана за правилно менаџирање со стресот

Исхраната има големо влијание врз растот и намалувањето на стресните ситуации во животот и начинот на кој го генерирате и дозирано канализирате стресот.

Некоја храна е поагресивна за вашиот дигестивен систем поради што имате органска подлога за создавање повеќе стрес.

Храна која ја балансира работата на хормините и протокот на крвоток ви е сојузник во справување со стресот.

Еве како да го менаџирате стресот преку правилна исхрана:

  • Намалете го внесот на шеќери

Шеќерот има висока калориска вредност, брзо се обработува и согорува и на тој начин предизвикува енергетска осцилација која може да ви биде товар за справување.

Намалете го внесот на шеќери и зголемете го внесот на протеини. Протеините ви даваат подолготрајна енергија.

  • Зголемете го внесот на цитрусни овошја

Лимонот често се користи за ароматерапија. Фокусирајте ја вашата исхрана на цитрусни овошја кои ви овозможуваат релаксирање при конзумирањето.

Нивниот мирис испраќа порака до нервниот систем која делува смирувачки.

Наместо цигара, кога сте под стрес одлучете се за лимонада или чаша цеден портокал.

  • Кофеинот ве прави пораздразнети

Кафето има директно влијание врз работата на вашето срце бидејќи ја контролира надбубрежната жлезда.

Во принцип е доста агресивен пијалок за нашиот дигестивен систем, но и го зголемува крвниот притисок што е голема грешка доколку сте под стрес.

Кога сте под стрес природно ви е зголемен крвниот притисок под дејство на адреналинот, дополнително зголемување може да ви ја влоши здравствената состојба.

Наместо кофеин, напијте се чаша млака вода. Таа го балансира крвниот притисок и ви помага полесно да ги отстраните симптомите на акутен стрес.

Чаша со млада вода е прва помош при стресни ситуации.

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.