Вечна дилема: Дали вистинските џентлмени носат чадор

Чадорот не е дел од аксесорис, но ако веќе го носите направете избор на чадор кој е комбинација од квалитет и естетика.

Со завршувањето на летото и почетокот на есен, почнуваат и есенските дождови, а продажбата на чадори се зголемува. Дали треба да поседувате чадор е прашање на индивидуална одлука, но вистинските џентлмени често одбиваат да имаат чадори во своите работни простории или домови.

За тоа секако постои рационално објаснување и причина која има корени во минатото.

Имено еден од најважните ставки во протоколот на кралското семејство во Британија е дека тие никогаш не го држат чадорот сами, туку носат некој од послугата да го прави тоа наместо нив.

Аристократите никогаш не носат чадори, тоа е работа на послугата.

Сигурно сте забележале и дека високите политички претставници не ги држат сами своите чадори, тоа го прави нивното обезбедување наместо нив.

Држењето на чадор се смета за рачен прибор со кој аристократите или луѓето кои работат умствена работа не треба да се служат.

Ако сте современ џентлмен еве неколку совети како да избегнете носење на чадор:

  • Одложете ги состаноците за после дождот 

Важно е да преживеат и документите и вашиот аутфит. Не сакате да стигнете мокри на состанок нели?

Најдостоинствен начин да се појавите на состанок без да оставите можност времето да ви ги расипе плановите е да го одложите состанокот за после дождот.

woman reading book
Фото извор: Unsplash.com
  • Барајте паркинг 

На состаноците одите со кола или со такси, ама барајте место за состанок кое има паркинг.

Така одалеченоста од колата до влезот е мала, а вам нема да ви треба чадор да се заштитите од незначителен број на капки од дождот.

aerial view of cars parked on parking lot
Фото извор: Unsplash.com

© Gentlemanmagazine  Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.