Вечно прашање: Што е поважно величина или техника?

Мажите се често загрижени дали нивниот пенис е доволен за нивната партнерка? Дали ќе успеат да ја задоволат во сексуална смисла?

Но жените не го сметаат тој страв и грижа за оправдани. Ги прашавме жените што сметаат дека е важно за сексуална кулминација – техника или величина.

Добивме интересни одговори:

Во принцип сакам орален секс и величината на пенисот воопшто не ми е важна. Пенетрацијата е тука да го задоволи повеќе мажот. За мене јазикот и техниката на канилингусот е најважна. (Д.М, 32)

Не е важна величината, но не е удобно да е преголем, а тек ако пенисот е премал, тоа го прави мажот несигурен. Уживање во сексот со несигурен маж е скоро невозможна мисија. (К.А, 40)

Да не се лажеме дека не е важно колку му е голем. Јас секогаш сакам да почувствувам како влегува, сантиметар по сантиметар. Кога пенисот е мал имам чувство како сексот да се сведува на триење. (Е.Ц, 26)

-Не е важна ниту техниката, ниту величината. Важно е дали го сакате човекот со кој водите љубов, сексот секогаш почнува и завршува во главата и во срцето. (К.Б, 47)

Зависи, за некои пози е подобро мажот да има помал пенис, за некои е подобро да има поголем. Замислете мисионерска со маж со мал пенис или кучешка поза со маж со огромен пенис! (С.Д, 21)

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.