Самоуверени мажи се подобри партнери и соработници

Луѓе кои немаат самодоверба не поставуваат високи цели пред себе. Напротив тие сметаат дека секој нивен обид ќе заврши неславно и неуспешно па и не се осудуваат да го направат.

Но за да се изгради самоувереност мора да се доживее и личниот успех. Ако во минатото поединецот не доживеал успех, тој секогаш ќе се сомнева во своите способности.

Може да кажеме дека самодовербата и амбициозноста се каузално поврзани, но нема самодоверба без претходна работа на себе и постигнување на успеси.

Зошто самоуверените мажи се подобри партнери?

Тие не ја гледаат жената како нивно огледало и таа не ги потврдува, ниту негира.

Имаат јака индивидуалност и ги знаат границите на сопствениот личен простор, но и на туѓиот.

Жените кои се во врска со самоуверени мажи имаат поголема слобода и се позадоволни, токму затоа што самоверениот маж не се меша во личните одлуки на неговата партнерка и пред се ја почитува како личност, а потоа и како негова сопатничка.

couple sitting on the field facing the city
Фото извор: Unsplash.com

Самоуверените мажи се подобри соработници за бизнис

Успехот изискува ризик, зарем не? А кој ќе го преземе ризикот побрзо и подецидно од самоуверен маж?

Самоуверените мажи нема да се советуваат до бесконечност како нешто да направат, па затоа и не им треба многу време да дојдат до конечниот продукт и резултат.

Тие се исто така многу попретставителни во социјалниот свет и владеат со завидни комуникациски вештини.

Сигурно повеќе сакате соработник кој е сигурен во тоа што го работи и ви нуди комоција во одлуките, одошто некој што десет пати ќе се преиспита дали нешто направил како што треба!

black smartphone near person
Фото извор: Unsplash.com

© Gentlemanmagazine Фото: Freepik.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.