Дали треба да отпатувате на планина, море или во нов град?

Како да знаете дали треба да отпатувате на планина, на море или во нов град? Многу едноставно, вашето тело и ум ви праќаат непобивливи информации.

Кога е време за планина?

Сакате да седите затворени во пријатен простор и да ја набљудувате природата од безбедна дистанца? Ви треба синроницитет со природата и целосно опуштање.

Кога сте премногу исцрпени од „звучно загадување“ и од комуникација со луѓе, време е да ги спакувате вашите куфери и да заминете на одмор во планина.

person standing on grass field near mountain
Фото извор: Unsplash.com

Кога да се одлучите за море?

Ако сте преморени од затворен простор, темнина, работите во канцеларија по цел ден, не гледате ништо друго освен екран? Време е да заминете на море.

Заминувањето на одмор на море ќе ви помогне вашето тело да се рехабилитира и нахрани со витамин Д. Покрај тоа, звуците од брановите на морето помагаат да се одморите умствено и да ја зголемите концентрацијата.

brown wooden dock on blue sea under blue and white cloudy sky during daytime
Фото извор: Unsplash.com

Не сум ги посетил Венеција, Лондон, Букурешт, кога е време за нова авантура?

Тогаш кога треба да смените средина и да ја задоволите вашата љуубопитност – да освоите нов простор, време е за нив град.

Ако чувствувате дека е време да ги проширите границите на вашето познание, спакувајте ги куферите и резервирајте авионски билет.

Одете на место за кое одамна сте размислувале и користете ја секоја прилика да ги истражите знаменитостите, кујната и културата на населението.

Venice canal
Фото извор: Unsplash.com

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.