Три нешта кои се највредни да ги понесете со себе на патување

Иако често ги забораваме, многу се важни

Подготовките за патување може да бидат стресни, дури и за оние кои патуваат поединечно.

За цели семејства подготовките за патување траат многу подолго и се покомплексни ако е семејство со поголем број.

Неколку дена пред патувањето сите сме фокусирани кон тоа: што недостига, дали нешто треба да се купи, како да се спакува и сл.

Реално, на патувањето ќе користите онолку работи колку што ќе понесете со себе. Така што можностите си ги определувате уште во припремите.

Сепак, постојат работи кои се највредни во патувањето, а често ги немаме предвид.

Разговорник

Разговорниците се многу важен дел од вашиот прибор за патување.

Ако патувањето не го искористите да го научите јазикот на населението, тогаш веројатноста дека ќе научите на курс е помала.

Купете си разговорник, не чини повеќе од 2 – 3 евра, пролистајте го пред патување и научете неколку фрази.

Многу повеќе привилегии ќе имате секаде доколку на мештаните им се обратите како турист на нивниот јазик, макар и само да ги поздравите!

Закони

На пример, бакнувањето на маж и жена на јавно место во Дубаи е забрането и казниво.

Ако овој детал не го знаете лесно можете да завршите во притвор или да платите голема сума пари за казна.

Проучете ги сите специфични закони на државата во која патувате и бидете особено претпазливи.

Доколку не сте сигурни дека она што го правите е дозволено, прво консултирајте се со законите, а потоа направете го,

Не дозволувајте да влезете во непотребен ризик.

Мапа на градот

Иако дигиталните мапи се омилен формат на современите туристи, сепак имајте си резерва и hard copy.

Никогаш не знаете дали ќе имате Интернет и доволно баретија да се ориентирате на лице место.

На книжната мапа, обележете ги сите места кои сакате да ги посетите и определете колку време би се задржале таму.

На тој начин ќе си го организирате времето квалитетно и ќе можете да го доживете градот одблиску!

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.