Подгответе оброци пред да патувате. Ова е старо правило што треба да го почитувате при патување. На тој начин вие ќе изберете што ќе јадете и успешно ќе избегнете јадење брза и калорична храна.
Предлог за оброк за патување: Интегрален ориз + мешавина од зелени лиснати салати + 1 лажица хумус + свежи моркови. Брзо се подготвува и е вкусно!
Сендвич – леб со семки + хумус + парче шунка + свежа рокула (предлог за појадок).
Здрави грицки – Секогаш носете кутија сурови бадеми, лешници, суво овошје, семки од сончоглед, свежо овошје (јаболко, мандарина, банана), свежи урми
Протеински шејк
Компоненти:
- 1 банана
- 1 лажица кокосов протеин
- 1 лажица чии семе
- 200 мл бадемово млеко
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и послужете добро разладено
Фото извор: Unsplash.com
Исцеден сок – направете исцеден чај од грејпфрут, лимон и ѓумбир пред патувањето. Оваа комбинација ќе ве хидрира за време на патувањето, ќе ве освежи и ќе ја зголеми концентрацијата. Ако имате гадење, задолжително направете чај од камилица или ѓумбир.
Вода – особено ако патувањата се долги. Дехидратацијата предизвикува главоболки, гадење, замор, грчеви во мускулите. Можете исто така да ја збогатите водата со хидролати (вистинското освежување ќе биде хидролат од нане и маточина).
© Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: