/

Изборот на машка капа го открива неговиот карактер!

Каква капа, таков маж!

Жените обожаваат шапки и капи, но често може да се видат различни типови на капи и на машките глави.

Тие се вклопуваат во стилот на облекување и стилот на живот на нивните сопственици, па затоа често може да направите цел психолошки профил за личноста само врз база на увид во избор на капата.

Или поинаку формулирано, кажи ми каква капа носиш и ќе ти кажам кој си.

  • Шешир – манирист  

Шеширот не се вклучува често во модните варијанти кај мажите, но сепак постојат мажи кои вклучуваат шешири во својот стил.

Мажите кои носат шешир се вистински маниристи, читаат бон тон, ги знаат сите правила на етикеција, нивниот маниризам се истакнува и во говорот и во движењето.

man in black dress shirt wearing brown fedora hat and black sunglasses
Фото извор: Unsplah.com
  • Качкет – опуштен 

Најголем број од мажите избираат да носат качкет и се смета дека токму качкетот или тениската капа, е најмашка капа во споредба со сите други.

Доколку е расположен да носи качкети и качкетот е забележлив дел од неговиот стил, тогаш станува збор за опуштен маж кој не живее по правила.

Тој има изразено чувство за прилагодување кон средината, е исклучително социјален и сите животни порази ги прифаќа спортски, поради што има и позитивен и натпреварувачки дух.

person standing near body of water
Фото извор: Unsplash.com
  • Боб Марли капа – алтернативен лик

Боб Марли капа покажува дека имате работа со алтернативен лик кој е посветен на уметност, култура, потрага по подлабоки значења, културен релативизам, го интересира културната егзотика.

Тој сака да се разликува од средината уште на прв поглед, а Боб Марли капата му го овозможува токму тоа.

man holding bucket hat
Фото извор: Unsplash.com
  • Марама / Шал – бунтовник

Марама на глава не е чест машки избор, но модните бунтовници кои воедно се и животни бунтовници понекогаш се одлучуваат и за оваа варијанта.

Шалот околу вратот е исто така честа глетка, но и околу главата.

men's black jacket
Фото извор: Unsplash.com

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.