Современото џентлменство изгуби смисла и стана ендемски вид

Ако ги прашате жените дали денеска е честа прилика да се сретне џентлмен, одговорот најверојатно ќе биде одречен.

Многу жени ќе се согласат дека џентлменството денеска не е посакуван идеал-тип и дека мажите не сакаат да бидат џентлмени.

Џентлменството како систем од вредности се менува под притисок на општествените промени, па може да се каже дека исчезнува.

Се бришат половите разлики

Веројатно сте ја слушнале доволен број на пати синтагмата „Мажите и жените се еднакви“.

Токму таа перцепција ги спречува мажите да отворат врата од кола на жена или да и ја бакнат раката.

Стравот е дека жената ќе се почувствува како инфериорен пол кој не може се сам, затоа и работи кои може сама да ги направи и се оставаат на неа.

Жените не сакаат џентлмени

Современите жени сметаат дека џентлмените се премногу формални и резервирани, па ги избегнуваат.

Денеска повеќе преовладуваат „Дон жуански“ тип на мажи, или оние кои се најбарани на „женскиот пазар“.

Вистинските џентлмени се моногамни и верни на љубовта кон една жена, затоа и ретко се забележливи за жените

Се заборава што е џентлменство

Често се заборава што значи да се биде џентлмен во вистинска смисла на зборот. Овој поим често се сведува на поими кои имаат негативно значење.

Токму поради пежоративните димензии на терминот во колоквијалните разбирања, многу често мажите избегнуваат да се идентификуваат како џентлмени.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.