Луѓето кои целат високо имаат посебна ментална матрица. Тие имаат големи постигнувања, затоа што поставуваат и високи цели.
Листа на карактеристики на менталната матрица на луѓето кои целат високо:
Не постои невозможно
За нив не постојат проблеми, постојат само решенија. Не размислуваат на пречките да направат нешто, туку на методите како да ги надминат.
Во принцип не се задржуваат на тоа што другите им го прават за да ги сплеткаат на патот до целта, туку вложуваат во себе и сопствената сила да стигнат до успехот!
Само небото е граница
Во мислите се е можно зарем не? Тогаш зошто да се ограничувате? Поставете си цели кои излегуваат од сите можни граници, дури и да остварите само 20% од она што сте го замислиле повторно ќе имате успех.
Луѓето кои целат високо, никогаш не се самоограничуваат, напротив си создаваат нови предизвици и ги поместуваат сами сопствените граници.
Амбициозноста е нивно второ име
Тие се подвижна амбиција, модерен Макијавели, за нив целта ги определува средствата. Никогаш не се водат од можностите, туку од целите бидејќи се свесни дека целите се тие што ги прават средствата возможни, а не обратно.
Не признаваат пораз
Луѓето кои целат високо не го третираат поразот како значајно битие од нивното дејствување, тие се свесни дека пораз мора да има, но дека тој е минлив и не е конечен. Секој нов ден е нова шанса за победа!
© Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: