/

Кога сте поефективни: Ако сте гладни или ако сте сити?!

Храната е гориво за телото и дефинитивно е потребно правилно и доволно да се храните со цел да обезбедите доволно енергија за вашето тело и вашиот мозок.

Но, секој од нас забележал дека понекогаш храната може да ја намали ефикасноста при работењето.

Во секој случај, луѓето се многу пофокусирани и ефикасни кога се гладни отколку кога се сити.

Изборот на храната треба да е таков да ве снабди со енергија, но да не ве засити целосно до граница на прејадување.

Во зависност од тоа каква е природата на вашата работа, ви препорачуваме посебна исхрана:

  • Јаглехидрати ако работите умствена работа

Цело зрно од житарици или овошје кое содржи доволно јаглехидрати како банана или јаболка е совршен оброк за луѓето кои работат умствена работа.

  • Протеини ако работите физичка работа

Протеински оброк заснован на јајца, пилешко месо или млечни производи е нужен доколку имате физичка активност.

Дури и во овој случај не занемарувајте ги јаглехидратите, бидејќи тие даваат најмногу енергија.

  • Масти за долготрајна енергија

За разлика од јаглехидратите што во крвотокот согоруваат како динамит, мастите даваат долготрајна енергија.

Јадете авокадо, јаткасти плодови и риба во поголеми количини.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.