Кралски појадок: За добро здравје појадувајте како крал!

Една англиска поговорка вели: „Појадувај како крал, ручекот подели го со пријателите, а вечерата препушти им ја не напријателите“.

Појадокот треба да е најобемен, најсодржаен, најразновиден и најкалоричен од сите оброци во текот на денот, а комбинацијата на намирници има голема улога.

Важно е и што јадете, а не колку јадете. Затоа ви препорачуваме примерок од појадок кој ќе ги задоволи вашите калориски потреби, но и ќе ви даде „порција здравје“.

Како да подготвите кралски појадок:

  • 1 авокадо
  • 2 јајца
  • 100 грама палента
  • лимета
  • зачини по желба
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

Скршете ги јајцата и изматкајте ги. Подгрејте малку маслиново масло во тава за пржење и додадете ги јајцата. Зачинете со вегета и бибер.

Кога ќе се направи кајгана тргнете од оган и додадете во тањир за сервирање.

Авокадото исецкајте го на ситни парчиња и сервирајте го како гарнир. Зачинете со сол. Лиметата исцедете ја и додадете ја на парчињата од авокадо заедно со малку маслиново масло.

Палентата подгответе ја во вода со малку зачини и маслиново масло и сервирајте ја како гарнир.

Бенефит:

Овој кралски појадок претставува совршен сооднос на калории – јаглехидрати кои брзо се варат и се добри за дигестивниот систем (палента), на протеините (од јајцата) и на „добрите масти“ од авокадото.

Покрај нутритивните вредности, овие намирници се богати со минерали и витамини.

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.