Стресот никогаш не е очекуван. Во текот на денот ни се случуваат толку многу ситуации што сигурно една од нив може да генерира стрес.
Но доколку се подготвивте за денот и ги предвидите сите околности, тогаш и ќе ги контролирате вие нив, наместо тие вас.
Неколку совети како да си организирате ден од стрес:
- Ниски очекувања
Многу е важно да си ги намалите очекувањата и да ги држите на ниско ниво. Високите очекувања може да генерираат стрес доколку не ви се исполнат.
- Медитација
Пред почетокот на денот, наместо кафе, направете мала медитација во времетрање од 5 до 10 минути.
Применете техники на дишење или замислете ситуации во кои голем број на проблеми се движат кон вас, а вие успешно ги избегнувајте. Буквално визуелизирајте го тоа.
- Бидете подготвени на се
Во секој момент може да се случи било што, затоа не изненадувајте се премногу.
Помалото изненадување ќе ја одржи разумноста и ќе ве наведе да одговорите поразумно на секоја ситуација.
- Канализирајте стрес
Најдобар начин на канализирате стрес е физичка активност. Затоа денот почнувајте го со медитација, а завршувајте го со физичка активност.
*Фазичката активност е најдобар начин да го испуштите стресот, наместо алкохол, цигари или други супстанци кои штетат на вашето здравје!
© Мој збор Фото: Freepik.com