/

Вагусна масажа: Техника на самопомош при наплив на стрес

Постојаната напнатост може да биде коренот на многуте физички болести и ментални нарушувања, и ние честопати самите придонесуваме за тоа, обично несвесни за последиците од нашиот ритам на живот.

Можеме да го поправиме тоа со промена во исхраната, малите промени во однесувањето и техниките за самопомош воопшто не се комплицирани.

Верувале или не, доволно е да одвоите само една или две минути за да се одморите, да направите пауза и да се придржувате кон своите обврски со поголем ентузијазам.

Вагусниот нерв е најдолгиот од вкупно 12 кранијални нерви и оди од мозокот, преку лицето и вратот, до градите и сe до стомакот.

Важно е за работата на срцето, белите дробови, дигестивниот систем, но и за голтање, говор, плунковни жлезди.

Исто така, неговото здравје е одговорно за враќање на телото во рамнотежа, ментална стабилност и со тоа за добри односи со семејството, пријателите и колегите.

Медицинските истражувања го потврдија ова непобитно.

Вагус масажата е лесна, пријатна и не ви треба многу време за тоа.

Со лесен притисок на дланката, повлечете ја кожата на вратот кон ушниот лобус и на тој начин истегнете ја околу десет секунди, а потоа повлечете ја назад, во спротивна насока.

Не треба многу да притискате, доволно е многу лесен допир, само за да почувствувате како кожата се повлекува.

Ако редовно ја практикувате оваа масажа, ќе забележите дека нивото на стрес се намалува.

© Фото: Freepik.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.