Што да избереме: Порција задоволство или порција здравје?

Задоволството во многу случаи значи и здравје!

Современиот човек има голем број на можности да се запознае со некоја тема, да истражува, да се информира бидејќи за тоа има достапни информации благодарение на Интернет.

Исхраната, нутриционизмот и диетите се тема која е актуелна во последната деценија, а се чини дека не постои човек кој во животот не се позанимавал со содржината на своето дневно мени и не се советувал со некој што да смени во својата исхрана.

Често се слуша изговор на зборот „здрава исхрана“, но многу е важно храната да прави и задоволство, бидејќи доколку јадете само здрава храна и се придржувате до режимот на исхрана, тоа ќе се одрази на вашето ментално здравје и перцепција.

Храна која ви создава задоволство без разлика на тоа дали е чоколадо, чаша вино, хамбургер или помфрит, треба да се внесе умерено во дневната исхрана.

Храната е награда

Храната не е само средство за преживување, таа е и награда. Не е случајно тоа што голем број на собири се организираат и со храна и пијалоци, што го зголемуваат уживањето од дружењето.

Ако инсистирате само на дневно мени кое не ви создава задоволство, но е здраво, со тек на време може да создадете отпор кон храната, што во многу случаи носи до крајни стадиуми како анорексија или булимија.

Три работи кои ги сакаш

Психолозите советуваат дека кога имаме стресен ден, на крајот од денот да направиме избор од три храни што ни прават задоволство, така ќе ја победиме анксиозноста и депресијата.

Задоволството преку храната ве потсетува дека постојат ситници во животот на кои се радувате и дека не е се така црно како што ви се гледа, кога имате стресен ден.

Храна од задоволство во умерени количини

Ако не внимавате на исхрана и секогаш имате можност да го јадете тоа што го сакате, тогаш нема да имате идеја за храна од задоволство.

Многу е важно да ја редуцирате употребата на храна која ви прави задоволство на минимум, дури тогаш ќе научите да ги цените тие ретки моменти на задоволство со храна.

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.