Оваа боја дава луксузна димензија на внатрешниот дизајн

Архитектите и експетри по внатрешен дизајн ќе ве советуваат да ги поделите просторите уредувајќи ги во ралични бои.

Но, тоа важи секако за просторот за домување, кој треба да ги исполни сите ваши потреби.

Канцелариски или деловен простор кој сакате да го уредите луксузно не треба да го обремените со бои.

Присуство на многу бои дава димензија на креативност, но не и на луксуз.

Единствена боја која додава димензија на луксуз е токму црна боја, иако црната не е боја, туку тон нели?

Црната боја нека е најзастапена

За луксузна димензија на вашиот канцелариски простор, не мора да користите само црна боја, но потребно е црната да биде основа.

Црната може да ја обликувате најмногу со уште една боја, ако инвентарот ви е во друга боја, тоа нека биде бела или кафеава.

Но доколку сакате да додадете некоја посветла виножито боја, тогаш инвентарот нека биде црн, а само мали орнаментални делови нека бидат во избраната боја.

Помал број на елементи

Луксузна димензија на просторот може да се постигне само во простор кој вклучува помал број елементи.

На пример сала за состаноци – тркалезна маса и столчиња, со уште некоја фотеља или масичка за лампи.

Што е поголем број на елементите тоа е поголема опасноста да не задржите симетрија.

Пренатрпан простор лесно може да прерасни во кич.

Погледнете ја галеријата:

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.