Некои состојки го смируваат организмот, ги блокираат рецепторите за болка, ве чистат од слуз и поттикнуваат лачење на некои хормони.
Најважни за доброто расположение се домаминот, серотонинот, ендорфин и секако адреналин.
Покрај хормоните на среќа и добро расположение, постои и хормон кој се нарекува „окситоцин“ и кој е одговорен за „љубовта“.
Среќата и љубовта се хормонски состојби и може да ги поттикнете преку исхраната.
Затоа ви предлагаме рецепт за смути кое ќе ве усреќи.
Потребни состојки:
- микс црвено овошје (свежо или замрзнато)
- сок од 2 лимони
- 2-3 парчиња од свежа брокула
- 1 банана
- 4-5 мелени ореви
Бенефит:
Сокот од лимон е идеална подлога за прочистување на телото, наместо портокал што содржи многу повеќе шеќер.
Витамин Ц од лимонот ќе ве разбуди и помага во третирање на чувството на замор.
Црвеното овошје ја содржи супстанцијата ликопен што е одоговорна за поттикнување на либидото.
Брокулата содржи витамин К што помага во целосна апсорпција на внесените состојки и правилна дигестија.
Минералите од бананата го стабилизираат крвотокот и ја регулираат работата на срцето.
Мелените ореви се богат извор на Омега 3 масни киселини, кои се извонредна храна за вашиот мозок каде се сместени голем број на жлезди!