Смути, а не кафе треба да ви биде првиот избор при почеток на денот. Кафето е деуретик што исфрлајќи ја водата од организмот го зголемува степенот на дехидрација.
Водата е извор на животот, а со тоа е и извор на енергија, затоа вода збогатена со витамини и минерали е вистински погодок ако сакате енерија долгорочно.
Смутито често се применува во исхраната и како замена за оброк, па доколку го конзумирате наутро нема потреба да размислувате што друго да изберете за појадок.
Потребни состојки:
- 3-4 ливчиња спанаќ
- 1 зелено јаболко
- 1 краставица
- 2-3 поситни парчиња брокула
- 1-2 лажици мед или јаворов сируп
- Банана
- Вода
- Чија семе
Начин на подготовка:
Исецкајте ги намирниците на поситни парчиња и додадете ги во бленер, заедно со чија семето. Додадете вода колку што е потребно и обележано на садот од smoothie maker.
Блендирајте додека смесата не стане хомогена.
Начин на конзумирање:
Смутито се конзумира најмногу 30 минути по негова подготовка. Пред да го конзумирате смутито можете да испиете чаша вода, но не треба да внесете ништо друго, бидејќи ако смутито се врзе со храна од него ќе остане само отпад и ниту една намирница нема да ја даде својата полна нутритивна вредност.
Можете да додадете коцки мраз доколку сакате да го пиете поладно, но генерално е подобро да конзумирате смути направено од состојки кои стоеле претходно на собна температура.
Така апсорпционата моќ е поголема.
© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: