/

Како се препознава: Маж за брак или маж за кратка врска?

Жените обично се фокусираат да го сретнат „идеалниот маж“, нивниот иден сопруг и човек кој е подвижен материјал за брак. Но тоа мора да признаеме, не е баш лесно да се претпостави.

Изгледите може да не измамат, па оние поединци кои изгледаат сериозно всушност да ни ги донесат најнегативните животни искуства и обратно.

Сепак добрите „читачи“ на знаци, може да препознаат дали ТОЈ е материјал за брак или врската со него ќе има само краток животен век.

Интереси

Запрашајте се дали имате заеднички интереси? Ако тој е во потрага по своја животна сопатничка, а таа по животен сопатник тогаш го имате првото најзначајно совпаѓање – а тоа е совпаѓање на интересите.

Многу е важно интересите да бидат дефинирани на почетокот од познанството и искрено да ги изразите прво своите. Така ќе дознаете и за туѓите и ќе може да направите споредба.

Вредности

Кои се неговите вредности? Дали е моногамен или сепак бракот не го разбира сериозно? Дали смета дека семејните вредности се поставени високо на вредносната скала или го интересира повеќе животен хедонизам?

Карактерот на вредностите е многу важен да одредите дали некој ќе се задржи подолго во вашите животи.

Одговорност

Дали ги исполнува своите одговорности? Ако е одговорен кон својата работа, тоа значи дека ќе биде одговорен и кон своето семејство. Многу е важно мажот да познава одговорност.

Доколку често доцни, не ги завршува работните обврски, нема испланирано време, најверојатно не знае ниту што прави со себе, а уште помалце ќе знае што да прави со вас!

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.