/

Нашето тело страда доколку немаме доволно секс

Новонастанатата ситуација со пандемијата на корона вирусот придонесоа за намалување или целосна апстиненција од сексуални односи.

Многумина се плашат да се ракуваат, гушкаат, а камоли да имаат интимни односи.

Многу парови затворени сами во карантин или ќе ја зацврстат љубовната врска или тотално ќе се оддалечат едни од други.

Што се случуваат со вашето тело ако немате секс подолго време?

  • Се наоѓаме под поголем стрес

За време на сексот, телото испушта допамин, серотонин и окситоцин, кои се познати како хормони на среќа.

Напливот на овие хормони, што ги добиваме од бакнување, гушкање, а особено од оргазмот, ни помага да се опуштиме.

За некои луѓе, сексот е исто така начин на одвраќање што помага да ги одвлечат своите мисли од проблемот, што им помага да ја намалат вознемиреноста.

За среќа, мастурбацијата предизвикува сличен ефект, така што можете да си помогнете и сами.

Вежбањето исто така ги зголемува нивото на овие хормони во организмот.

  • Проблеми со спиење и меморија

И тука се важни хормоните на среќа.

Имено, серотонинот помага во регулирање на спиењето и заради тоа понекогаш се чувствувате многу поспани по дејството.

Покрај тоа, ја подобрува нашата способност да учиме, да се сеќаваме и да ја вариме храната подобро.

  • Слаб имунитет

Некои истражувања покажуваат дека оргазмот може да го зајакне нашиот имунолошки систем.

Една мала студија од 2004 година, спроведена на 11 лица, открила дека оргазмите што се постигнуваат преку мастурбација ја зголемуваат концентрацијата на адреналин и пролактин во плазмата, што е протеински протеин кој има повеќе функции при за зајакнување на имунитетот.

© Фото: Freepik.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.