/

Пиењето вода е нужно за здравјето, но дали може да се предозираме?

Водата е многу важен дел од нашето целокупно здравје, дехидрацијата може да доведе до разни проблеми. Меѓутоа, кога станува збор за хидратацијата, можно е да пиете премногу вода.

Дали е можно да се пие премногу вода?

Според лекарот, бубрезите можат да излачуваат само еден литар вода на час. Ако пиеме повеќе, може да доведе до интоксикација со вода и електролитна нерамнотежа.

Предупредувачки знаци дека пиеме премногу вода

Најчестите знаци на прекумерна хидратација се конфузија, дезориентација, гадење и повраќање вели д -р Ланг.

Во тешки случаи, дополнителни симптоми може да вклучуваат грчеви во мускулите, слабост, висок крвен притисок, двојно гледање и отежнато дишење.

Знаците и симптомите на прекумерна хидратација се резултат на разредување на нашите електролити.

Оптимална количина на вода според килажата

Водата е за телото исто како гориво за автомобил. Штом неговото ниво е критично, црвеното светло се појавува во форма на жед, гадење, главоболка.

Ова значи дека дехидрацијата веќе отишла предалеку. Затоа е важно редовно да пиете вода – бидејќи течноста, испиена пред неколку часа или претходната ноќ, – не се брои.

Како правилно да ја пресметате количината на вода што треба да ја пиете секој ден? Подготвивме и предлагаме да ја користите оваа табела за преглед. Зачувајте го и искористете го за здравје.

  • 40 кг – 1,2 литри
  • 45 кг – 1,4 литри
  • 50 кг – 1,5 литри
  • 55 кг – 1,7 литри
  • 60 кг – 1,8 литри
  • 65 кг – 2 литри
  • 70 кг – 2,1 литри
  • 75 кг – 2,3 литри
  • 80 кг – 2,4 литри
  • 85 кг – 2,6 литри
  • 90 кг – 2,7 литри
  • 95 кг – 2,9 литри
  • 100 кг – 3 литри

Ако вашата точна тежина не е во табелата, користете ја оваа формула за да ја пресметате дневната норма на вода:

За жени: (тежина x 0,03) + (време на физичка активност во часови x 0,4) = … литри

За мажи: (тежина x 0,04) + (време на физичка активност во часови x 0,6) = … литри

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.