Машката козметика не е многу популарна поради митот дека нега и козметика во главно се наменети за жените. Но, не само што е препорачлива машката козметика е нужна.
Во последен период, актуелна е органската козметика, поради непостоење на можност да оштетување на епидермисот, но и поради заштита на животната средина од загадување.
Што е органска козметика?
Органската козметика како што самото име ви кажува е направена исклучиво на база на растително потекло, без хемиски додатоци.
Зошто е важна негата на лице пред спиење?
Тогаш телото е најмирно, работата на срце е намалена и процесите во организмот се одвиваат побавно, па влијанието на надворешните апликатори може да е поголемо и потрајно.
Што да нанесете на лицето пред спиење?
Најважни се три процеси за нега на кожата на лицето: чистење, тонирање и потхранување. За овие три функции потребни ви се:
- Лимон
Лимонот има моќ на отстранување на сите нечистотии од вашето лице. Исецкајте лимон на кружни парчиња и директно поминете го лицето со сокот од лимон кој ќе се цеди на вашето лице.
Потоа исплакнете со млака вода и користите чиста крпа за бришење на лицето.
- Краставица
За тонирање на лицето користете краставица. Ова растение е на база на вода и продира длабоко во кожните клетки хидрирајќи ги и зголемувајќи го нивниот волумен.
Исецкајте ја краставицата на прстени и избришете ја кожата на лицето со парињата краставица. Почекајте барем 10тина минути пред да преминете кон следниот чекор.
- Кокосово масло
Кокосовото масло ја потхранува кожата и ја штити од надворешни влијанија. Нанесувајќи неколку капки кокосово масло вашата кожа ќе биде еластична и отпорна на оштетувања!
© Фото: Freepik.com
Можеби ќе ве интересира: