/

Подготовки за летен одмор: Што се ви е потребно за на плажа?

Летните одмори се период кога луѓето прават пресек од секојдневието и воведуваат мали промени кои имаат големо влијание во одморање на нивното тело и ум.

Но на одморите понекогаш може да се случат непредвидени ситуации кои генерираат стрес и може да ви ги пореметат плановите за „уживање и релаксација“, како на пример хипертермија поради изгореници од Сонце, дехидрирање, глабоколки и сл.

Затоа е потребно да внимавате особено на вашето здравје додека сте на одмор, бидејќи подолго време сте изложени на сончеви зраци и поголема топлина.

Еве што треба да носите со себе кога одите на плажа:

  • Очила

Очилата не се само стилски додаток или моден детаљ, напротив тие се многу важни за здравјето на вашите очи. Не ги изложувајте очите на голема светлина што доаѓа од сончевите бранови бидејќи на тој начин зениците ви се постојано стеснати и окото е оптеретено.

Многу често се јавуваат и главоболки поради оптеретување на окото доколку не користите очила за Сонце.

black Ray-Ban Wayfarer sunglasses on beach sand
Не тргнувајте на плажа без очила за Сонце!
Фото извор: https://unsplash.com/photos/SYx3UCHZJlo
  • Млеко за сончање

Здравјето на вашата кожа е многу важно додека сте на одмор. Затоа внимавајте на степенот на изложеност на сончевите зраци.

Млеко за сончање со 50 фактор е неопходно за зачувување на здравјето на кожата бидејќи ги филтрира УВ зраците што инаку ги дехидрираат клетките на кожата и ја намалуваат нејзината еластичност, со што ја прават изложена на оштетувања, гребнатинки, крварења и сл.

Cocooil baby oil on desk
Лосион за сончање со 50 фактор за грижа на вашата кожа
Фото извор: https://unsplash.com/photos/6LBBOwkPzyQ
  • Капа за пливање

Морксата сол го штетува влакното, менувајќи ја неговата структура го прави покршливо. Затоа за нега на косата користете капа за пливање.

На тој начин косата ќе остане сува и ќе избегнете нејзин допир со морксата сол.

Исто така при изложеност на сонце, носете шешир или обична капа, бидејќи Сонцето исто така е „непријател“ на вашата коса.

brown and black fedora hat on gray stone
Шешир или капа се загарантирана заштита за вашата коса!
Фото извор: https://unsplash.com/photos/zVycYmcblDY

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.