Ерекција е услов за нормален сексуален живот и таа е индикатор дека вашата сексуалност е нормална а вашето тело е здраво.
Честа појава е т.н утринска ерекција, а експертите одговараат што ја причинува:
Што значи утринска ерекција?
Утринската ерекција, е честа појава кај многу момчиња и мажи. Од време на време, мажите може да се разбудат со исправен пенис.
Ова е најчеста појава кај помладите мажи, иако мажите од сите возрасти може да доживеат утринска ерекција.
Многу луѓе претпоставуваат дека утринската ерекција е знак на сексуална стимулација, но тоа не е секогаш случај.
Утринската ерекција е веројатно одговор на вашето тело на едно од неколкуте природни појави.
Што предизвикува утринска ерекција?
Причината за утринската ерекција е веројатно повеќеслојна.
Лекарите имаат неколку теории кои помагаат да се објасни зошто мажите се разбудуваат со исправен пенис од време на време, но ниту една од овие теории не е поддржана со конкретни, медицински докази.
Физичка стимулација
Иако очите се затворени, вашето тело сè уште е многу свесно за тоа што се случува околу вас.
Ако вие или вашата партнерка случајно ги допрете гениталиите, може да станете со исправен пенис.
Вашето тело ја чувствува стимулацијата и реагира со ерекција.
© Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: