/

Дали енергетските пијалоци навистина ви даваат енергија?

Кога ќе ги прочитате компонентите на енергетските пијалоци, ќе сфатите дека тие се составени во 90% од засладувачи и вода.

Големата количина на шеќер во комбинација со таурин и кофеин, ослободува големо количество на енергија директно во крвта непосредно по негово конзумирање.

Општо е познато дека шеќерите согоруваат брзо како барут, додека протеините и мастите согоруваат споро како свеќа и тие ви го одржуваат нивото на енергија константно.

Енергетските пијалоци во суштина имаат ефект на забрзување на крвотокот во наредните половина час, колку што е и ефектот на согорените калории од шеќерот.

Потоа се соочувате со драстичен пад на енергија поради што може да се констатира дека енергетските пијалоци ви даваат краткотраен ефект на будност, што е незначителен во споредба со траењето на денот и дневните обврски.

Дали енергетските пијалоци се штетни?

Од раните 2000-ти, енергетските пијалоци стануваат сè попопуларни и најмногу се користат за одржување на будност и враќање на енергијата.

Но, овие пијалоци се поврзани со срцеви и невролошки проблеми, како и лошо ментално здравје.

Кои се всушност енергетските пијалоци и дали се навистина толку штетни?

Енергетските пијалоци се производи што се продаваат на пазарот за да се зголеми енергијата и да се борите против заморот, вели Меган Вроу, диететичар од Калифорнија.

Секој пијалок кој содржи стимулативни соединенија може да се смета за енергетски пијалок, додава д-р Лери Нолан од Медицинскиот центар Векснер на универзитетот во Охајо.

Постојат различни енергетски пијалоци на пазарот. Повеќето се комбинации на газирана вода, шеќер или други засладувачи, вклучувајќи глукоза, кофеин, витамини од групата Б, дополнителни бои и ароми и додатоци поврзани со енергијата, како што се гуарана, таурин или карнитин.

Заедно, овие состојки прават дневен засилувач на енергијата за луѓето кои не спијат доволно или едноставно им е потребна дополнителна енергија.

Но, децата и адолесцентите се почувствителни на влијанието на некои стимулативни соединенија што се наоѓаат во ваквите пијалоци, па затоа треба да се избегнуваат.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.