/

Храна за сите кои се опоравуваат од коронавирусот

Без разлика дали сте биле заразени, во моментот сте, или штотуку ја примивте првата доза од вакцина, треба да воведете режим.

Исхраната е многу значајна за поттикнување на имунитетот и превенција на несакани ефекти.

Не случајно постои изреката „Здравјето влегува преку устата“.

Ви препорачуваме исхрана која ќе спречи преголем раст на Д-димерите и опасност од згрутчување на крвта.

Лосос

Лососот е одлична храна за периодот кога сте заразени со корона или штотуку се вакциниравте.

Содржи омега 3 масни киселини што го спречуваат згрутчувањето на крвта. Тие се подложни на помал процес на метаболичка обработка во споредба со сложените липиди.

Со самото тоа, трошат помалку енергија за дигестија, а ослободуваат долготрајна енергија која веднаш се троши и не се складира.

Сок од брусница

Покрај тоа што е многу вкусен, сокот од брусница има и здравствени придобивки.

Веројатно најчесто се користи како средство за ублажување на инфекции на уринарниот тракт (ИУТ). Содржи многу витамини, минерали и други основни хранливи материи.

Содржи најмногу витамин Ц, а една стандардна чаша сок од брусница ви дава 39% од дневниот препорачан внес на витамин Ц.

Нивното високо ниво на антиоксиданси е исто така одлично.

Витаминот Ц му помага на телото да го апсорбира железото, му помага на имунолошкиот систем, производството на колаген.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.